Видео: Објавени први снимки од нападот во Сирија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


САД, Велика Британија и Франција ноќеска извршија воздушен напад во Сирија, во кој нема жртви. На социјалните мрежи се појавија видеа од нападите во главниот град Дамаск.

Сириските медиуми јавија дека е погоден научно-истражувачки центар во овој град, за кој Пентагон тврди дека е користен за развој и производство на хемиско оружје.

Пентагон претходно соопшти дека цел на нападите биле Дамаск и две локации во Хомс, каде што се произведува хемиско оружје. Нападот е извршен како одговор на наводната употреба на хемиско оружје во сирискиот град Дума.