Home Спорт Видео: Навивачите на Хајдук направија хаос во Англија и го прекинаа мечот

Видео: Навивачите на Хајдук направија хаос во Англија и го прекинаа мечот

Навивачите на Хајдук, популарните „Торцида“ направија хаос на мечот со Евертон во Лига Европа и предизвикаа прекин од неколку минути.

Евертон во 30.минута го постигна водечкиот гол преку дефанзивецот Кин, а неколку минути подоцна навивачите на Хајдук започнаа да фрлаат со разни предмети на теренот, а потоа како што пренесоа англиските медиуми, фрлале и со столчиња кон соседната трибина на која се сместени домашните навивачи.

Обезбедувањето ги спречи сплитските навивачи да влезат на теренот, а главниот судија Словакот Крузлиак го прекина мечот.

По неколку минути натпреварот продолжи, а Евертон постигна уште еден гол и победи со 2:0

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…