Видео на денот: На Путин му стана „незгодно“ после петиот гол на Русија…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекцијата на Русија на стартот на Мундијалот ја демолираше селекцијата на Саудиска Арабија до 5:0, а натпреварот на „Лужники“ во Москва го следеа претседателот на Русија и принцот на Саудиска Арабија.

Додека Русите ја уништуваа Саудиска Арабија на теренот, Путин и принцот Мохамед Бин Саламан цело време разговараа.

Вистински хит на друштвените мрежи е реакцијата на Путин после петиот гол на неговата селекција. На снимката може да се забележи дека дури и на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино му стана малку непријатно, додека принцот на Саудиска Арабија со неверување гледаше што се случува на теренот.