Видео: Меси со хет-трик ја најави муднијалската форма


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Аргентина, Лео Меси најави дека е во одлична форма пред Мундијалот, откако синоќа постигна хет-трик на пријателскиот меч против Хаити.

Аргентина го победи Хаити со 4:0 на контролниот меч кој е дел од подготовката на тимот за Светското првенство, а херој за „гаучосите“ беше Лео Меси кој постигна три гола и запиша една асистенција.

Имаше очекувања дека тој ќе го пропушти натпреварот, за да не се ризикува да се повреди, но на крајот Лео излезе како стартер. Четвртиот гол за Аргентина го постигна Кун Агуеро.