Home Спорт Видео: Ленард се вати и не му помогна на Спарси, Кливленд продолжува да гази!

Видео: Ленард се вати и не му помогна на Спарси, Кливленд продолжува да гази!

Најдобриот кошаркар на Сан Антонио, Кави Ленард конечно го имаше своето деби за оваа сезона, но и покрај тоа „Спарси“ загубија. Кливленд ја запиша 15-та победа на последните 16 натпевари.

Враќањето на Ленард не им помогна на Спарси да го избегнат поразот од 95-89 на гостувањето во Далас. Најзаслужен за тоа е Џеј Џеј Бареа, кој постигна 14 од своите 16 поени во второто полувреме помагајќи му на Далас да стигне до победата, додека Харисон Барнс беше најефикасен кај Далас со 17 поени.

Леброн Џејмс беше на нивото на својот просек и даде 25 поени во триумфот на Кливленд против Атланта од 123:114. Покрај 25-те поени, Џејмс имаше и 17 асистенции, што е израмнување на неговото најдобро постигнување во оваа категорија, во НБА кариерата.

Резултати:
Кливленд – Атланта 123-114
Детроит – Денвер 84-103
Њујорк – ЛА Лејкерс 113-109 (п)
Бруклин – Вашингтон 103-98
Далас – Сан Антонио 95-89
Минесота – Филаделфија 112-118 (п)
Сакраменто – Феникс 99-92

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…