Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку Буфон се повлече и Донарума замине од Милан, би можеле да следиме вистинско лудило…Исто така би можел да биде срушен и светскиот рекорд.
Случајот „Донарума“ повторно е отворен, писмото кое младиот голман наводно го испратил до Милан, доколку тоа е вистина сигурно го направил под притисок на Мино Раиола, тврдат италијанските медиуми.
Официјални информации нема, но медиумите пишуваат дека Донарума добил дозвола да замине, но само во случај доколку пристигне адекватна понуда.
Но, какви се опциите на Раиола и Донарума. ПСЖ наводно е заинтересиран, спремен е да плати голема сума за Донарума, но тие требаат да го исплатат и трансферот на Мбапе, па прашање е колку ФФП ќе им го дозволи тоа.
Како втора опција се споменува, Манчестер Јунајтед. Давид Де Геа би можел да замине, во Шпанија тведат дека пристигнувањето на Кеп во Мадрид нема никаква врска со трансферот на Де Геа. Имено, голманот на Јунајтед во Мадрид наводно би добивал плата од 12 милиони евра. Доколку Де Геа навистина замине, јасно е дека Јунајтед ќе има можност, а и пари да го ангажира Донрума.
Одиме понатаму, останува отворено прашањето дали Јувентус во случај на заминување на Буфон ќе бара уште еден голман покрај Шчесни. Наводно на италијанскиот шампион му бил понуден Кеп, но тие го одбиле, а денес се појавија информации дека го сакаат токму Кејлор Навас од Реал Мадрид, за кого интерес покажа и Арсенал.
И тоа не е се, Јан Облак би можел да го напушти Атлетико. Него го посакуваат Мурињо, но и Челзи во случај да замине Куртоа. Сигурно дека „сините“ не би имале ништо против да го пуштат Куртоа да се врати во Мадрид каде што живеат неговите деца, доколку за возврат го добијат Јан Облак.
Значи, следното лето би можело да биде навистина неверојатно, најдобрите голмани во светот би можеле да ги променат средината, а се би можело да започне со Донарума.