Home Спорт Видео: Лејкерси го доживеаа најтешкиот пораз во историјата!

Видео: Лејкерси го доживеаа најтешкиот пораз во историјата!

Еден од најтрофејните тимови во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс синоќа го доживеа најтешкиот пораз во својата клупска историја.

Лејкерс го доживеа најубедливиот пораз во нејзината историја, откако синоќа во Далас загуби со 49 поени разлика, или еден поен повеќе од претходниот негативен рекорд.

Пред овој меч, најтешкиот пораз на Лејкерс изнесуваше 48 поени и тоа во два наврати: од Јута Џез на 28 март 2016 година и од Лос Анџелес Клиперс на 6 март 2014. Колку се очајни „езерџиите” во моментов, најдобро зборува тоа што ова е нивен трет пораз оваа сезона со 40 или повеќе поени разлика.

Резултати:
Далас – ЛА Лејкерс 122:73,
Торонто – Феникс 103:115 и
Минесота – Денвер 111:108.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…