Home Спорт Видео: Леброн не може сам, Бостон поведе со 2:0

Видео: Леброн не може сам, Бостон поведе со 2:0

Кошаркарите на Бостон Селтикс се поблиску до големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го добија и вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција.

Леброн Џејмс одигра уште еден епски натпревар, кој го заврши со 22. „трипл-дабл“ во плеј-оф кариерата. „Кралот“ постигна 42 поени, 12 асистенции и 10 скока, но тоа не беше доволно Кливленд да направи брејк.

Браун со 23 поени беше најдобар поединец во редовите на Бостон, Роузир реализираше 18 поени, Хофрд постигна 15 поени, а двоцифрени беа уште тројца кошаркари: Маркус Морис (12 поени), Смарт (11 поени), Тејтум (11 поени).

Следниот меч се игра во Охајо, а Кливленд ќе се обиде да ја израмни серијата пред своите гледачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…