Home Спорт Видео: Кралска партија на Леброн, Мајами после продолженија го победи Денвер

Видео: Кралска партија на Леброн, Мајами после продолженија го победи Денвер

Фановите на Кливленд и Милвоки синоќа уживаа во двобојот помеѓу Леброн Џејмс и Јанис Адетукомбо кој на крајот заврши со победа на Кавалисрс од 124:117.

Џејмс доминираше во екипата во чии редови Лав се врати со 18 поени, а уште четворица постигнаа двоцифрен број на поени.

„Кралот Џејмс“ натпреварот го заврши со 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, што е негов 16-ти трипл-дабл во сезноната, вкупно 71. во кариерата. Кај Милвоки се истакнаа Адетокумбо со 37 поени и 11 скока, односно Мидлтон со 30 поени.

Еден од најинтересните натпревари синоќа го одиграа Мајами Хит и Денвер Нагетс кој после две продолженија им припадна на домаќините со резултат 149-141. Најефикасен во тимот на Мајами беше Олиник со 30 поени, а кај Денвер Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ учинок (28 поени и 11 скока), но на крајот недоволно за позитивен резултат.

Останати резултати:
Индијана – ЛА Лејкерс 110-100
Филаделфија – Шарлот 108-94
Бруклин – Мемфис 118-115
Њујорк – Чикаго 110-92
Сакраменто – Детроит 90-106

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…