Home Спорт Видео: „Кралот“ го однесе Кливленд во финале

Видео: „Кралот“ го однесе Кливленд во финале

Кливленд повторно ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако синоќа во мајсторката го победи Бостон Селтикс со 87:79.

Селтикси водени од мотивираниот Тејтум се држеа едно полвуреме, но немаа одговор на феноменалниот Леброн Џејмс кој седмиот дуел го заврши со 35 поени, 15 скока и девет асистенции и само едно додавање му недостасуваше за „трипл-дабл“.

Џејсон Тејтум со 24 поени и седум скокови беше најдобар играч во тимот кој го претрпе првиот пораз на свој терен оваа сезона во плејофот, но овој загубен дуел беше пресуден Селтикс да останат без можност да се борат за шампионскиот прстен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…