Славни

ВИДЕО: Кога руски олигарх се жени со млада манекенка, свадбата е перверзно луксузна!

Рускиот олигарх Алексеј Шаповалов се ожени со својата вереничка, манекенката Ксенија Царицина на луксузна церемонија одржана во хотелот Barvikha Luxury Village во Москва.

Иако, Алексеј и Ксенија со години се претставуваа како маж и жена, притоа имаат две деца, дури сега одлучија да ја официјализираат своата врска во брачна заедница, а го направија тоа во стил каков што може да има руски олигарх.

Алексеј на својата далеку помлада 27-годишна сопруга и подари џиновски дијамантски прстен, а целата венчавка чинела неколку милиони долари. Ксенија имаше две венчаници од кои на многумина им застанал здивот, не амо поради дизајнот туку и поради цената. Гостите ги забавуваше пејачката Полина Гагарина која беше во трка за Евросонг, како и рок бендот Ленинград.

Само прстенот е со 70-каратен дијамант, и чини девет милиони долари, бидејќи како што вели „обичниот накит не е доволно добар за неа“.

Wowedding ☄️❤️

A post shared by Marina (@_mrsworld_) on

Фотките од свадбата покажуваат дека на ништо не се штедело, од раскошните венчаници, преку тортата која лебдела во воздух, до украсите во салата сочинети од илјадници цветови.

???❤️

A post shared by Anastasia_Rafalovskaya (@anastasia_rafalovskaya) on

„Беше неверојатно. Им благодарам на пријателите што го поделија овој прекрасен миг со нас. Посебно им благодарам на нашите семејства“, вели Ксенија по венчавката. Двојката живее во Дубаи каде често може да е видат како се возат со скапоцен автомобил Бентли.

❤️

A post shared by Ksenia Tsaritsina (@ksenia_tsaritsina) on

Come back home??

A post shared by Ksenia Tsaritsina (@ksenia_tsaritsina) on

?only

A post shared by Ksenia Tsaritsina (@ksenia_tsaritsina) on

Advertisements
To Top