Home Спорт Видео: Кливленд продолжува да гази, Голден Стејт може и без Кари

Видео: Кливленд продолжува да гази, Голден Стејт може и без Кари

Екипата на Кливленд ја запиша 13-та понбеда по ред и го израмни рекордот на франшизата, а Голден Стејт и без Стеф Кари успеа да го победи Шарлот.

Леброн Џејмс со 32 поени, 11 скокови и 9 асистенции го предводеше Кливленд до триумф од 101-95 над Сакраменто. Вицешампионот се врати од негатива од 14 поени во третата четвртина за да ја продолжи одличната серија за 13-та победа во низа.

Кај тимот на Сакраменто отпор даде само ветеранот Зек Рендолф, кој забележа 18 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз.

Без Стеф Кари во екипата, Кевин Дурент ја презеде одговорноста и со трипл-дабл му донесе победа на Голден Стејт. МВП играчот на минатогодишното финале постигна 35 поени, 11 скока и 10 асистенции и го запиша првиот трипл-дабл во сеzоната.

Резултати:
Кливленд – Сакраменто 101:95
Индијана – Чикаго 98:96
Орландо – Атланта 110:106
Бостон – Далас 97:90
Њујорк – Мемфис 99:88
Шарлот – Голден стејт 87:101
Милвоки – Детроит 104:100
Њу Орлеанс – Денвер 123:114
Сан Антонио – Мајами 117:105
ЛА Клиперс – Минесота 107:113

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…