Home Актуелно Видео: Хаос во Њујорк – група демонстранти го прекинаа говорот на Ердоган

Видео: Хаос во Њујорк – група демонстранти го прекинаа говорот на Ердоган

За време на обраќањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во хотел во Њујорк дојде до инцидент кога демонстранти го прекинаа неговиот говор нарекувајќи го „терорист“, по што беа тепани и исфрлени од салата.

Ердоган, кој во во Њујорк присуствува на Генералното собрание на ОН, вчера се обрати на негови приврзаници во хотелот „Мериот Маркис“ на Тајмс сквер каде што беше преинат од група на демонстранти.

На снимките се гледа како обезбедувањето, кое се уште не се знае дали е негово лично или пак на хотелот, ги турка и удира по главата демонстрантите и ги исфрла надвор од хотелот.

Демонстрантите објавија фотографии по социјалните мрежи, кажувајќи дека нивна цел била јавна осуда на Ердоган за неговите политики во Турсија, Сирија и Ирак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…