Home Спорт Видео: Дожд од голови на Островот, фаворитите сигурни

Видео: Дожд од голови на Островот, фаворитите сигурни

12-то коло во Премиер лигата беше исклучително ефикасно, а сигурни победи остварија фаворитите Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити.

Тимот на Конте конечно одигра партија достојана на актуелен шампион, откако со високи 4:0 победи на гостувањето кај ВБА. Мората ја отвори серијата голови, потоа Азар два пати го совлада домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците сее запиша и Алонсо.

Лидерот Манчестер сити славеше на гостувањето кај Лестер со 2-0, со головите на Габриел Жесус и Кевин де Брајн и така ја задржа предноста од девет бода пред второпласираниот Челзи.

Ливерпул „лета“ на крилјата на Мохамед Салах. Репрезентативецот на Египет денес постигна нови два гола и уште во првото полувреме ја најави победата. Конечните 3:0 беа дело на Филипе Кутињо.

Ефикасен натпревар без победник (2:2) одиграа Кристал Палас и Евертон. Бурнмаут го прегази Хадерсфилд со 4:0 на домашен терен, додека Барнли оствари важна победа против Свонси од 2:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…