Видео: Ди Франческо славеше гол, па си ја скрши раката!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома и Аталанта одиграа фантастичен натпревар кој заврши без победник (3:3), но тренерот на „волчицата“ Еусебио ди Франческо очигледно уште долго ќе го памети.

Аталанта на полувремето водеше со 3:1, а во второто полувреме „волчицата“ успеа да израмни.

Дефанзивецот Манолас во 82-та минута го постигна израмнувачкиот гол, а Ди Франческо толлку „бурно“ го прослави, па си ја скрши раката. Тој удри со дланката во панелот на клупата, па мораше да оди на операција.