Home Спорт Скандал каков не се памети: Срамна снимка открива како во Србија го лажирале националниот рекорд!?

Скандал каков не се памети: Срамна снимка открива како во Србија го лажирале националниот рекорд!?

Атлетскиот сојуз на Србија покрена истрага поради лажирање на резултатот на Ведран Шамац, кој во понеделникот го собори државниот рекорд во фрлање копје.

Шамац на Митингот во Сремска Митровица го собори државниот рекорд со резултат 85.60 метра, но на интернет се појави видео снимка на која се гледа како судијата за неколку метри нанапред го преместува копјето, потоа го фрла на страна, а потоа со помош на уште еден судија ја мери далечината.

Државниот рекорд во Србија во фрлање копје е стар дури 31 година, а негов сопственик беше Сеад Крџалиќ со далечина од 83.34 метра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…