Видео: Чиле декласиран, Аргентина ремизираше, Бразил сигурен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа се одигра 15.коло во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија. Во дербито на коло, во Монтевидео, Уругвај и Аргентина одиграа 0:0.

Уругвај и Аргентина одиграа натпревар без многу возбудувања, а поблиску до победа беше Аргентина. Голамнот Муслера во финишот на првиот дел од одбрани ударот на Дибала, а во 58-та минута не му дозволи на Меси да постигне гол од слободен удар.

Чиле доживеа вистински дебакл во дуелот со Парагвај. Брбените Парагвајци во Чиле славеа со 3:0. Видал си постигна авто-гол, а потоа Клаудио Браво го совладаа Касерес и Ортиз.

Бразил кој веќе избори пласман на Мундијалот, на домашен терен славеше над Еквадор со 2:0. Стрелци на головите беа Паулињо и Кутињо.

Табела: Бразил 36, Колумбија 25, Уругвај 24, Чиле 23, Аргентина 23, Перу 21, Парагвај, 21, Еквадор 20, Боливија 10, Венецуела 7.