Home Спорт Видео: Беше ѕвезда во НБА лигата, сега е водач на навивачите на Црвена Звезда

Видео: Беше ѕвезда во НБА лигата, сега е водач на навивачите на Црвена Звезда

Најголемата грешка во историјата на НБА лигата е опис кој Дарко Миличиќ ќе го следи се додека некој не направи поголема грешка од таа на Детроит во 2003 година.

Тогаш српскиот кошаркар на НБА драфтот беше избран веднаш позади Леброн Џејмс, еден од најдобрите во историјата, а пред великани како што се Кармело Ентони, Крис Бош или Двејн Вејд.

Денес е Миличиќ пензиониран кошаркар, а повторно го привлече медиумското внимание синоќа откако камерите го уловија како ги води навивачите на Црвена Звезда, популарните „Делии“ на мечот против Арсенал во Лондон.

Миличиќ е голем фан на белградскиот клуб, а и порано беше чест гостин на „Маракана“ и „Пионир“. Неговата желба беше да ја заврши кариерата во Црвена Звезда, но тврди дека не сакал да потпише за саканиот клуб за да не ги разочара „Делиите“.

Дарко Миличић са Делијама у Лондону! ???⚪️ #GOAT #delije #crvenazvezda #fkcz

A post shared by Ђорђе (@mrredstarbelgrade) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…