Видео: 35 години од најконтроверзниот, најславниот и најтажниот натпревар во историјата на Југославија…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешен ден пред точни 35 години одиграна е веројатно најславниот, најконтроверзниот и најтрагичниот натпревар во историјата на југословенската кошарка.

Се играше мајсторка од доигрувањето во кошаркарското првенство на Југославија во која Дражен Петровиќ после наводниот прекршок досуден во последната секунда ги погоди слободните фрлања и поразот на Шибеник од Босна 81:82 го претвори во победа од 83:82.

Таа последна секунда и поените на Дражен Петровиќ беа само вовед во незапаметена спортска драма која ја тресеше Југославија, за подоцна да стане и политички проблем, пишува Спортски.мк.

Со победата против моќната Босна, кошаркарите на Шибеник на својот град ја донесоа првата титула шампион во неговата историја. Ноќта после тој натпревар помина во невидено славје, но утрото донесе големо разочарување.

Кошаркарскиот сојуз на Југославија го поништни натпреварот, на Шибеник му беше одземена титулата, а беше донесена одлука да се одигра нов натпревар на неутрален терен во Нови Сад.

Покрај тоа судијата Илија Матијевиќ беше суспендиран и доживотно исфрлен од кошарката, супсендирана беше дури и салата во која се одигра натпреварот. Тоа беше прв во историјата еден тим после примањето на медалите и подигнувањето на пехарот преку ноќ да остане без ништо.