Home Спорт Виде: Торес и Роналдо во жестока расправија – еве што си рекоа еден на друг!

Виде: Торес и Роналдо во жестока расправија – еве што си рекоа еден на друг!

Ѕвездите на Атлетико и Реал Мадрид, Фернандо Торес и Кристиано Роналдо, имаа жесток вербален дуел во финишот на првото полувреме на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Вербалниот дуел се случи во финишот на првиот дел, веднаш по голот што го постигна Иско, со кој Реал го завери пласманот во финалето.

Камерите сето тоа го забележаа, па денес шпанските медиуми точно ги прочитаа сочните зборови на двајцата фудбалери.

„Во што е проблемот“, вели Торес, а потоа оттурнувајќи го Португалецот му вели: „Кловн“.

„Оди си дома идиоту“, му возвраќа Кристиано Роналдо.

Поголем судир на двајцата фудбалери спречи судијата Џунејт Чакир. Потоа Роналдо се оддалечува со својата карактеристична насмевка, што дополнително го разлути Торес.

„Кучкин сину“, дофрли Ел Нињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…