Вежба со дишење – за борба против несоница и непроспиени ноќи


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Несоницата е резултат на големиот и перманентен стрес на кој секојдневно се изложени многу луѓе, па претставува вистинска непријатност кога на крајот од денот ќе сакате да се одморите, а никако не можете да заспиете.

Различните лекови и таблети за спиење може да помогнат, но исто така може да имаат и несакани ефекти. Поради тоа, дел од лекарите препорачуваат да се избегнуваат.

Како природен начин за борба против несоницата е холистичката техника за дишење. Тоа им помага на луѓето да ги намалат проблемите со стресот и анкциозноста, но може да се примене и за несоница.

Според британскиот лекар Ендрју Вејл со една од тие вежби може да заспиете за помалку од 60 секунди.

Вежбата има шест фази:

– Го поставувате врвот на јазикот позади предните заби на горната вилица и го држите така како потсетник за вежбата.
– Потоа издишувате на уста, правејќи звук додека го правите тоа.
– Пополека ја затворате устата и поченувате да дишете на нос, броејќи до 4.
– Потоа го задржувате здивот и броите до 7.
– Издишувате, како и во вториот чекор, произведувајќи шуштење.
– Вежбата се повторува три пати.

Научното објаснување за оваа техника е дека таа му дозволува на човекот на внесе повеќе кислород кога брои до 4, кој потоа влегува во крвотокот, додека брои до 7.