Ветерници стари 1.000 години кои и денес се во употреба (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие импресивни ветерници се меѓу најстарите во светот. Лоцирани се во иранскиот град Наштифан, првично именуван Ниш Тофан (Nish Toofan) или „убод од бура“.

Ветерниците искрепуваат ветрови до 120 километри на час. Според дизајнот и начинот на изградба, се смета дека се изградени во источна Персија, помеѓу 500 и 900 година од нашата ера. Се користеле неколку века. Високи се дваесетина метри.

Во 2002 година, ветерниците од Наштифан беа прогласени за национално богатство од Секторот за културно наследство на Иран, поради фактот дека неколку од нив и денес се во функционална состојба.