Home Наука и техонологија Вештачка интелигенција ја доврши „Десеттата симфонија“ на Бетовен

Вештачка интелигенција ја доврши „Десеттата симфонија“ на Бетовен

Благодарение на вештачка интелигенција, „Десеттата симфонија“ на Лудвиг ван Бетовен е композиторски довршена и сега е целосна.

Оркестарот „Бетовен“ од Бон, Германија, планираше да ја изведе композицијата кон крајот на април, на 250-годишнината од раѓањето на славниот германски композитор. Но, поради пандемијата премиерата е одложена за ноември.

Љубителите на класична музика, за тоа треба да му се заблагодарат на „Дојче телеком“, кој го покрена овој проект. За тоа, лани беа најмени меѓународен тим музиколози, пијанистот Роберт Левин и група компјутерски стручњаци.

За „Десеттата симфонија“, Бетовен го напишал само почетокот. Конечната верзија има два дела и трае 20 до 25 минути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…