Верати го доби најглупавиот жолт картон на сите времиња!

Марко Верати го доби еден од најконтроверзните жолти картони оваа сезона, а тоа се случи на мечот помеѓу Нант и ПСЖ.

Спорната ситуација се случи во 30-та минута кога Верати во еден момент додека беше осамен пред сопствениот шеснаесетник со спушти на земја и со глава му ја додаде топката на голманот.

Судијата ваквиот потег го окарактеризира како неспортско однесување, па Италијанецот поради тоа доби жолт картон.

Одлучете само дали жолтиот картон беше оправдан или не!