Home Спорт Венгер: Санчез и Озил сакаат да останат, но се е до парите!

Венгер: Санчез и Озил сакаат да останат, но се е до парите!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште еднаш изрази надеж дека двете ѕвезди, Месут Озил и Алексис Санчез ќе ја продолжат верноста кон „топџиите“.

Новите договори на Сачез и Озил се главна тема во Арсенал веќе подолго време, па фановите стравуваат дека можат да ги загубат двете најголеми ѕвезди следното лето.

Сепак Венгер ги смири фановите и истакна дека двајцата фудбалери сакаат да останат, а клубот нема да жали пари за да ги задржи во своите редови.

„И двајцата ми кажаа дека сакаат да останат. Преговорите се почнати. Се почнува и завршува со парите, и тоа дали играчот сака да остане или да си замине. Кога играчот сака да остане, многу е поедноставно да се постигне договор“, истакна Венгер.

„Санчез е верен и тој сака да остане во Арсенал. Верувам дека ќе успееме да се договориме. Не се плашиме да потрошиме пари и не се плашиме да покажеме дека ни се потребни играчите“, заклучи искусниот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…