Венгер: Разочарувањето е огромно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсен Венгер ја пропушти последната шанса да освои европски трофеј со Арсенал, откако синоќа беше елиминиран од Атлетико во полуфиналето на Лига Европа.

Венгер после мечот не го криеше дека разочарувањето е големо и не можеше да ја сокрие тагата.

„Беше доста тежок дуел, но имавме шанси да постигнеме гол. Атлетико Мадрид знае како да игра во вакви натпревари. Ги поздравувам за пласманот во финалето, беа фаворити. Им посакувам успех. Многу сум тажен во овој момент. Разочарувањето е огромно. По крајот на сезоната ќе земам одмор и ќе мислам што да правам во иднина. Немам никакви планови во овој момент“, изјави Венгер.