Home Актуелно Вељаноски: ВМРО ДПМНЕ бара увид што договорил Заев во Софија

Вељаноски: ВМРО ДПМНЕ бара увид што договорил Заев во Софија

ВМРО ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за добрососедски односи кои подразбираат заемно почитување и поддржување. Истиот овој став сме го имале и ќе го имаме и кон Бугарија, и кон Грција, и кон другите соседи. Сепак, тоа што нè загрижува и згрозува е вчерашниот настап на Зоран Заев.Тој вчера кажа дека испраќал порака дека Македонија затворала едно поглавје на историја на национализам и на омраза, изјави денеска на пресконференција во партиското седиште Трајко Вељаноски.

Тој од Палатата Христо Татарчев рече дека е крајно срамно и недолично да се обвини сопствениот народ за ширење национализам и омраза. Македонецот никогаш не бил ниту националист ниту, пак, ширел омраза.

Според него, ВМРО ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање како што е склучувањето на договорот со Бугарија.

Ова прашање ги засега идентитетот и историјата на македонскиот народ и многу неодговорно е истото да се третира на ниво на секојдневна прес-конференција и без сериозна анализа и без пошироки консултации да се најави потпишување на договорот кој експерти го работеа долго време и имаше многу отворени прашања по кои двете страни не може да најдат заеднички јазик, изјави Вељаноски и додаде дека ВМРО ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија.

Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот што Заев се согласил да го потпише. Ваквите теми кои го засегаат идентитетот на македонскиот народ не се и не смее да бидат ексклузивен интерес ниту на Зоран Заев, ниту на СДС. Овие теми се натпартиски, рече Вељаноски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…