Home Вебкафе Веќе три дена лежи падната во Ново Лисиче, а навечер свети

Веќе три дена лежи падната во Ново Лисиче, а навечер свети

Една бандера, дел од уличното осветлување во парк во Ново Лисиче, Скопје, веќе трет ден лежи падната на патеката (за среќа, при падот не повредила никого) кај малиот спортски центар, пренесува Мкд.мк.

Нејзиниот неславен пад се случи кога врелиот ветар силно дуваше, разгорувајќи бројни пожари низ Македонија. Металниот столб немаше сила да го издржи ветерот, затоа што ‘рѓа ја „изгрицкала” нејзината основа. Паркот е речиси секогаш полн со луѓе, а најбројни се децата.

Но, за чудо, паднатата светилка, која сведочи за бавна грижа на надлежните, свети ноќе. Струјниот кабел го издржал падот, издржала и сијалицата.

А кој да провери дали изолацијата од кабелот е можеби оштетена и претставува сериозна закана?

Минувачи на децата им велат: „Не допирај“!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…