Живот

Важни факти за вакцината против КОВИД-19 од „Фајзер“ кои треба да ги знаете

Србите веќе започнаа со масовната вакцинација на населението против КОВИД-19 и таму веќе чекаат да пристигнат вакцините од други производители, покрај оние на Pfizer и Sputnik V, веќе е обелоденет и детален план за имунизација, пишува Независен.

Досега многу работи се веќе познати за вакцините: кој треба прв да ги прими, кои се најзагрозени, како ќе се спроведува вакцинацијата и каде ќе бидат поставени пунктовите, пишува белградски „Блиц“ кој објавува и детали од планот за имунизација објавен од Институтот „Милан Јовановиќ Батут“. Притоа, се изнесуваат и помалку познати факти за вакцината на Фајзер, за кои инструкциите стигнаа до здравствените центри и институциите за јавно здравје низ целата земја.

Кога можете слободно да шетате низ градот по имунизацијата?

Според деталниот план за имунизација, вакцинацијата во Србија се спроведува кај лица постари од 16 години. Се користат две дози, а интервалот помеѓу дозите е 21 ден. Она што досега не беше познато, а стои во планот, е дека имунитетот се развива седум дена по приемот на втората доза на вакцината.

После тоа, кога бил изграден имунитетот, лицето кое примило вакцина, според последните информации дадени од имунологот д-р Срѓа Јанковиќ, заштитено е најмалку во следните шест месеци.

Во која рака се прима вакцината?

Откако вакцината е подготвена за употреба, многумина беа заинтересирани во која рака треба да се даде вакцината Фајзер и дали е тоа важно.

– Нанесете ја вакцината интрамускулно во делтоидниот мускул на недоминантната рака – стои во упатството.

Она што исто така е наведено е важниот факт дека вакцината не смее да се дава васкуларно, односно интравенски, поткожно или интрадермално.

Дали се дозволени други вакцини?

Друг важен факт што е посочен во упатството и е поврзан со употребата на вакцината на Фајзер, е дека не треба да се дава со други вакцини.

Затоа, ако сте примиле вакцина на Фајзер, никогаш не треба да примате друга доза од друга достапна вакцина.

Кој не треба да прима вакцина?

Контраиндикации за употреба на вакцината се:

– Претходно сериозна алергиска реакција (анафилакса) на компонентите на вакцината

– Тежок несакан ефект по претходна доза на вакцина

– Акутно заболување

– Фебрилна состојба

– Бременост

– Доење.

Мерки на претпазливост:

– Кај лица со сериозни нарушувања на коагулацијата, поради интрамускулна примена, вакцината треба да се користи само доколку се смета дека придобивката го надминува ризикот од примена на вакцината.

– Кај имунокомпромитирани лица, вклучувајќи ги и оние на имуносупресивна терапија, интензитетот на имунолошкиот одговор на вакцината може да се намали.

Што се потпишува пред вакцинацијата?

Имунизацијата против КОВИД-19 во Србија се спроведува како препорачана вонредна имунизација врз основа на наредбата на министерот за здравство. За спроведување на препорачаната имунизација се бара информирана согласност од лицето кое се имунизира (потпишан образец за согласност за спроведување на препорачаната имунизација).

Кои несакани ефекти се познати досега?

Несакани реакции забележани во клиничките студии по примена на вакцината на Фајзер вклучуваат болка во местото на инјектирање (84,1%), замор (62,9%), главоболка (55,1%), болка во мускулите (38,3%), треска (31,9%), болки во зглобовите (23,6%), зголемена телесна температура (14,2%), отоци на местото на инјектирање (10,5%), црвенило на местото на инјектирање (9,5%), гадење (1,1%), малаксаност (0,5%) и лимфаденопатија (0,3%).

Пријавени се сериозни алергиски реакции по примена на PfizerBioNTechCOVID-19 вакцината за време на масовната вакцинација, односно надвор од клиничките испитувања, пишува „Блиц“.

To Top