Home Спорт Вардар, Шкупи и Работнички ги добија противниците: Џерард со Ренџерс доаѓа во Македонија

Вардар, Шкупи и Работнички ги добија противниците: Џерард со Ренџерс доаѓа во Македонија

Македонските преставници во Лига Европа, Вардар, Работнички и Шкупи денес ги добија противниците во квалификациите за најмасовното европско натпреварување.

Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуник, Работнички ќе има тешка задача против унгарски Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник, Глазгов Ренџерс.

Глазгов Ренџерс минатата сезона ја заврши на второто во шкотската лига, а познато е дека на клупата ги предводи легендарниот Стивен Џерард.

Првите натпревари се на програмата на 12-ту јули, а реваншите се играат на 19-ти јули.

Вардар и Шкупи реванш натпреварите ќе ги играат на домашен терен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…