Home Спорт Вардар пред Пик Сегед: Тежок натпревар, но ние сме европски шампиони!

Вардар пред Пик Сегед: Тежок натпревар, но ние сме европски шампиони!

Вардар во недела го пречекува Пик Сегед во Лигата на шампиони и се наоѓа пред императив победа за да го задржи првото место во Групата А.

По поразот од Барселона, Вардар остана на првото место на табелата но сега има само еден бод повеќе од Нант, па во недела мора да победи за да го задржи првото место.

„Имаме многу добар противник, одиграа одлично со Рајн-Некар и многу се квалитетни. Ќе играат без притисок, но со самодоверба. Нашата ситуација е добра, тренинравме без проблеми и мислам дека ќе бидеме добри за натпреварот. Се плашам од одбранта на Пик Сегед, можат да бранат 6-0, 5-1, не знаеме што може да нѐ изненадат, а сигурен сум дека спремаат нешто. Имаат многу добар тренер и многу квалитетни играчи“, изјави тренерот Раул Гонзалес.

„Добро го познаваме Пик Сегед, но и тие нас, очекувам тежок натпревар. Таму одигравме нерешно, и тука мислам деа ќе биде неизвесно, но на крајот верувам дека ние ќе победиме. Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме. Мора да имаме цврста одбрана и да даваме лесни голови, така се победува. Загубивме во Барселона, но тој пораз не нѐ разниша“, истакна капитенот Стоилов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…