Вардар повторно потценет, од Сосиедад најавуваат: Лесно ќе ја поминеме групата!

Entrevista a Mikel Ubarrechena-Luis Michelena-25/03/2015-Donostia-San Sebastián

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После историската победа над Фенербахче во вчерашниот дуел денес Вардар ги доби своите противници, а еден од нив е шпански Реал Сосиедад.

Потпретседателот на овој шпански клуб, Микел Убаречена кој се натпреварарува смета дека Сосиедад добил група низ која лесно ќе помине.

„Мотото на нашиот клуб е да не се плашиме од никого и тоа секогаш го почитуваме. Според мене добивме група која лесно ќе ја поминеме доколку ја играме нашата игра. Сигурни сме дека нашето искуство ќе ни помогне да се избориме за пласман во следната фаза“, изјави Убаречена.

Сепак, не беше неодамна некој Вардар да го потцени, па потоа да си замине со наведната глава. Тренерот на Фенербахче, Кочман, пред реваншот даде изјава во која тврдеше дека неговиот тим може да постигне гол против Вардар кога ќе посака, но Вардар сега е во групната фаза од Лигата на Европа, а Фенербахче остана со празни раце.

Македонскиот шампион натпреварите во Лигата на Европа ќе ги започне на 14 септември со натпреварот против Зенит.