Вардар го скрши Ростов и се пласира во големото финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вторпат во петтото учество на фајналфор-турнирите, ЖРК Вардар ќе игра во финалето од Лигата на шампионите. Мечот за пехарот вардарки овој пат го заслужија со победа над Ростов дон со 25-19.

Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ постигнаа по седум гола, но најголема заслуга за победата дефинитивно оди кај Амандин Лејно која запиша 15 одбрани. Кај Ростов Дон најефикасна беше Екатерина Илина со пет гола.

Утре (18 ч.) Вардар против Ѓер ќе игра во финалетото за првата европска титула.