Home Актуелно Вангеловски: Законскиот рок на СЈО е истечен

Вангеловски: Законскиот рок на СЈО е истечен

Ако се достави барање за давање начелно правно мислење, Врховен суд мора да постапи по таквото барање, апелира Јово Вангеловски.

Законот е јасен, рокот на СЈО е истечен, а начелно правното мислење е задолжително за Врховниот суд и ако дојде до жалба од странката до Врховниот суд тој ќе мора да ја укине пресудата заради донесеното мислење, порача вечерва претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Тој посочи дека начелно правното мислење не е одлука со која се запира работењето на СЈО или се наложува нешто, туку се дава за обезбедување единство во примена на законите од страна на судовите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…