Вака „звучи“ вселената преку фотографија од НАСА (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За да ги направи поинтересни, попривлечни и поубави своите вселенски истражувања, НАСА изведе звучен перформанс и фотографијата од далечните галаксии ја претвори во музика , иако во вселената нема можност за ширење на звук.

Станува збор за фотографија што во август минатата година ја сними вселенскиот телескоп Хабл , а која научниците ја нарекоа ,,сандак со вселенско богатство” , поради големиот број галаксии што се гледаат на неа.

„Секое замаглување на сликата е всушност галаксија во која има безброј sвезди“, објаснува НАСА.

Но, колку и да е интересно, НАСА одлучи да додаде уште еден детал на неа. Научниците ги означиле sвездите и компактните галаксии со кратки и јасни звуци, и спирални галаксии со посложени и подолги тонови.

„Времето тече од лево кон десно, а фреквенцијата на звукот се менува од дното кон врвот во интервал од 30 до 1.000 Hz“, објаснува НАСА во описот со видеото.

„Предметите на дното на сликата создаваат пониски тонови, додека оние на врвот создаваат повисоки“, додава НАСА.

Иако музиката на почетокот звучи малку неубаво, подоцна се претвора во пријатна мелодија, особено во близина на средината на сликата каде се наоѓа галактичкиот сет RXC J0142.9 + 4438.