Вака изгледа процесот на поправка на уништен Ferrari од 300.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога по сила на околностите (сообраќајка, на пример, или некоја друга несреќа), еден обичен автомобил ќе биде уништен, најчесто завршува на отпад за автомобили и неговите делови биваат распродадени. Но, кога станува збор за луксузен Ferrari, ништо не е исто.

Момците кои стојат зад каналот Real Life Exotics YT сепак решија да поправат еден ваков автомобил. Станува збор за Ferrari 812 Superfast од 300. 000 евра чиј преден крај е тешко оштетен. Откако камионот го спушти во работилницата со виљушкар и се отстранети вишокот делови, започна реновирањето.

Дали убавото Ferrari со атмосферски V12 мотор повторно ќе биде привлечен на патиштата, погледнете во видеото подолу. Единственото прашање е дали би имале храброст да возите до 340 км на час во исиот овој автомобил.