Спорт

Вајналдум и Де Јонг испратија моќна порака и го воодушевија светот

Холандија синоќа во последниот натпревар од квалификациите ја декласира Естонија со 5:0, но мечот ќе остане запаметен по потегот кој го направија Вајналдум и Де Јонг.

Во моментите кога цела Европа се бори со расизмот, особено на фудбалските терени, холандските репрезентативци се одлучија да испратат моќна порака против расизмот.

Фудбалерот на Ливерпул синоќа ја носеше капитенската трака, а откако постигна гол го прослави на оригинален начин.
Вајналдум заедно со Френки Де Јонг заминаа пред камерата, двајцата ги испружија рацете и покажаа дека бојата на кожа воопшто не е важна.

Advertisements
To Top