Home Љубов и секс Вагина за време на секс: Знаете ли што се случува таму долу?

Вагина за време на секс: Знаете ли што се случува таму долу?

Кога на машките им доаѓа нешто секси на ум, тие добиваат ерекција. А она што се случува меѓу нозете на понежниот пол, не е толку очигледно, но е исто толку фасцинантно…

Тие моменти кога вашиот мозок замислува секси акција, вашите крвни садови почнуваат да се шират и праќаат дополнителни количини крв “доле на југ”. Забрзаното циркулирање го зголемува ткивото на вулвата, а исто така ја поттикнува и влажноста на вагината – природниот лубрикант составен од протеини и аминокиселини. Илјада нервни завршетоци што се наоѓаат во вагината почнуваат да се запалуваат во исчекување на допир!

Ткивото на клиторисот набрчува и се затврднува. Да, станува збор за нешто слично на мини ерекција. Кога сте многу возбудени, клиторисот може да се зголеми и три пати. Им треба малку време по секс за да се врати во изворната состојба, што е сè едноставно речено, по оргазам можете одма да го почнете следниот!

Грлото на матката станува помеко и ако зборуваме што ако се стимулира оваа област или околните нерви, тоа може да испрати пријатни сигнали до вашиот мозок.

Кај околу 10% од жените, мускулите на карлицатас за време на оргазам може да истргнат неколку капки течност, која фактички произлегува од уретрата. Но не се грижете, тоа не значи дека женска ејакулација е урина. Оваа течност се состои од елементи кои се многу слични на тие во семенката. Голема се шанси вашиот партнер да биде воодушевен ако ви се случи!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто некои мажи изневеруваат дури и кога се во „совршени“ врски?

Скролаш низ апликација за запознавање и – бум! – налетуваш на профил кој отворено вели: „О…