Актуелно

В понеделник средба на Иванов со Туск

Претседателот Ѓорге Иванов в понеделник ќе  се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе ја посети Македонија во рамки на неговата регионална турнеја , велат за Фокус од кабинетот на Иванов, а терминот на средбата ќе биде дополнително соопштен.

Иако средбата на Иванов со Туск беше најавена од кабинетот на претседателот на Европскиот совет, сепак утрово беше неизвесно дали македонскиот претседател ќе го прими Туск, со оглед на тоа што се уште немаше официјална потврда од Иванов кој се очекува следната недела од 4 до 6 април да отпатува во Турција каде ќе учествува на Евроазискиот економски форим.

Посетата на Туск е поттикната од состојбите со мигрантската и бегалската криза, но тој со Иванов ќе разговара и за актуелната политичка криза во државава.

To Top