Home Актуелно В петок вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН заради оштетувањата на Северен тек 1 и 2

В петок вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН заради оштетувањата на Северен тек 1 и 2

В петок, на барање на Русија, Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонредна седница на која ќе расправа за оштетувањето на двата руски гасоводи кон Европа, што доведе до истекување гас од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море.

Француската мисија на ОН, која месецов претседава со 15-члениот совет, најави дека на состанокот ќе се зборува за гасоводите „Северен тек” за кои Русија и европските партнери потрошиле милијарди долари за изградба.

Москва негира каква било одговорност за инцидентот, кој многу европски лидери го нарекуваат „чин на саботажа”.

Истекувањето на гас како резултат на веројатна саботажа откриена на двата гасоводи ги загрози енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Сомнителни експлозии вчера сериозно ги оштетија подводните цевководи.

НАТО и Европската Унија предупредија на потребата да се заштити критичната инфраструктура од она што тие го нарекоа „саботажа”, иако официјалните лица не кажаа кого го обвинуваат.

Русија, која ја намали испораката на гас во Европа откако Западот воведе санкции поради инвазијата на Москва на Украина, исто така рече дека саботажата е можност и дека обвинувањата од некои дека таа ја направила штетата се „глупави”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…