Двајцата бивши владини генерални секретари се најдоа во судница, но на различни страни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, во рамки на судското рочиште за случајот познат како „Софтвер“, во иста судница, но од различни страни седнаа двајцата бивши секретари на владата – Драги Рашковски како обвинет и Мухамед Зекири како сведок.

Зеќири пред судот сведочеше дека немало владина одлука за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а откако Рашковски се повлече од функцијата направил и вонреден попис.

– Ако не грешам, тоа оди по барање на институцијата, се носи одлука на Влада, се врши набавката и се прави примопредавање кон институцијата. – изјави Зекири.

Во судот сведочеше и поранешниот директор на дирекцијата за заштита на лични податоци Горан Трајковски кој рече дека му пратиле укажување на Рашковски пред да го набави софтверот за биометриска идентификација.

Обвинителката Трајчева смета дека со сведочењата се докажуваат тезите на обвинителството

Рашковски пак се обиде да докаже дека нема ништо спротивно на законот со набавките на двата софтвери бидејќи секретаријатот имал право самостојно да ги носи одлуките за јавни набавки. Дополнително го праша Зеќири и дали постои писмена евиденција дека е направена проверка дека софтверот за биометриска идентификација, но и дали побарал пристап до софтверите за да се види дали е инсталирана апликацијата.

Кривичните дела за кои се гони Рашковски во овој случај се злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари. Со него обвинети сè уште шест лица поврзани со фирмата „Инвока“ од која бил купен софтверот за сообраќајни прекршоци, но и лица кои биле соработници, а некои од нив и хонорарци во Владата.