Home Актуелно В недела Бугарите ќе гласаат на парламентарни избори

В недела Бугарите ќе гласаат на парламентарни избори

Бугарија во недела ќе го избира својот нов Парламент. Ова е трети избори во последните четири години.

Анкетите тврдат дека резултатот на изборите ќе биде неизвесен.

Конзервативната партија ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) на поранешниот премиер Бојко Борисов и опозициските социјалисти (БСП) се речиси на исто рамниште според анкетите. Брима Галуп тврди дека социјалистите ќе имаат 30,3 отсто, а ГЕРБ 29,9 проценти.

Борисов се надева на трет мандат како премиер. На граѓаните им ветува брз економски раст но беше и обвинуван за поврзаност со организираниот криминал.

Бугарија влезе во политичка криза по победата на Румен Радев на претседателските избори во ноември 2016 година. Радев мораше да распише предвремени парламентарни избори, бидејќи Владата поднесе оставка откако нивниот претседателски кандидат изгуби на изборите.

Премиерот Борис Борисов на 14 ноември поднесе оставка од премиерската функција, еден ден откако кандидатката од неговата партијата ГЕРБ за претседател, Цецка Цачева, беше поразена во вториот круг од претседателските избори од Румен Радев, кој ја доби поддршката од социјалистите.

Радев го победи противкандидатот од ГЕРБ со повеќе од 20 проценти разлика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…