Home Актуелно Еве колку изнесуваше просечната плата во јануари, 2017 година

Еве колку изнесуваше просечната плата во јануари, 2017 година

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации (9.4 проценти), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6 проценти) и Рударство и вадење на камен (4.2 проценти).

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2 проценти), Информации и комуникации (13.0 проценти) и Градежништво (11.7 проценти).

Просечната бруто плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто поголема од истиот месец минатата година.

Во јануари 2017 година, 1.0 процент од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…