Home Актуелно Ужас во Канада: Двајца напаѓачи со ножеви убиле 10 и раниле 15 лица – убијците се во бегство

Ужас во Канада: Двајца напаѓачи со ножеви убиле 10 и раниле 15 лица – убијците се во бегство

Канадските полициски служби трагаат по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и повредиле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван.

Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како двајцата осомничени и рече дека патувале со црн нисан рог. Убодите со нож биле пријавени рано утринава по локално време, а полицијата издаде предупредување низ покраината за „вооружени и опасни“ лица.

„Нивната локација и насока на патување не се познати. Страшно е она што се случи во нашата провинција денес“, рече полицијата.

Полицијата рече дека сѐ уште е во почетна фаза на истрага, дека се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени и дали ѝ биле познати. Не се знае мотивот за нападот.

Нападите се случиле на повеќе локации, а полицијата истражува 13 локации каде што се пронајдени мртви или повредени лица. Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничениот, додека други биле нападнати по случаен избор. Во потрагата по осомничените полицијата ангажирала дополнителни сили.

Можно е да има дополнителни повредени жртви што сами се превезле во различни болници, им беше речено на новинарите на прес-конференција.

Полицијата објави фотографии од Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како двајцата осомничени и соопшти дека бегаат со црн нисан рог.

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги опиша нападите на Твитер како „застрашувачки и потресни“.

„Шокиран сум од денешните ужасни напади. Виновниците за овие ужасни напади мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Трудо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…