Home Актуелно Македонија ќе купува систем за против-воздушна одбрана од Франција за 66 милиони евра

Македонија ќе купува систем за против-воздушна одбрана од Франција за 66 милиони евра

Од Министерството за одбрана известија дека Македонија купува систем за против-воздушна одбрана од 66 милиони евра. Наредниот месец ќе биде платена првата од четири рати за наредните три години.

На прашањето, дали ова е неопходен трошок во време на економска криза, министерката за одбрана вели дека се работи за долгорочен проект, но и обврска како дел од колективниот одбранбен систем. Оружјето ќе може да се користи за три години.

Министерката Славјанка Петровска тврди дека немаме безбедносна закана од воздух, но системот е неопходно да се набави. „Во моментов не постои опасност за некаков напад врз нашата земја, но инвестициите во одбраната, како што е набавката на современ систем за воздушна одбрана, е дел од стратешкото и долгорочно планирање на одбраната“, вели министерката за одбрана.

Оружјето е од француско производство и решението за набавка е донесено без меѓународен тендер, одлуката ја донела работна група на МО.

Оружјето се купува за да се постигне интероперабилност со операциите на НАТО но и за обезбедување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија, велат од МО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…