Home Актуелно Ужас: Албански полицаец ладнокрвно уби свој колега во полициска станица (снимка)

Ужас: Албански полицаец ладнокрвно уби свој колега во полициска станица (снимка)

Албанскиот полицаец Лудијам Заими со својот службен пиштол го застрелал еден од своите колеги во полициска станица во Тирана, Албанија.

Албанската телевизија „Еуроњуз“ објави видео снимки од безбедносните камери на кои се гледа убиството што се случи во понеделникот околу 21 часот.

На него се гледа полициска станица во која седат неколку полицајци. Во еден момент, полицаецот Салиани излегува од станицата и седнува на скалите, а потоа и Заими кој вади пиштол и пука неколку куршуми кон него.

Заими по убиството се обидел да избега, но набрзо бил фатен. Како мотив за убиството се споменуваат нивни меѓусебни банални расправии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…