Home Вебкафе Уште малку ќе „оживеат“: Секс кукла од 13.000 евра може да одговара прашања

Уште малку ќе „оживеат“: Секс кукла од 13.000 евра може да одговара прашања

Секс индустријата, особено оној дел од неа кој работи на новитети и разноразни секс играчки, во последниве неколку години е во сериозно силна експанзија и развој. Она што некогаш беше само фантазија од филмовите, денес е реалност кој (речиси) секој може да ја има (ако може да си ја дозволи).

Еден од тие новитети е куклата Хармони, која чини повеќе од 13 илјади евра, и е девојка од вашите соништа, која може да ја одберете со одредени карактеристики на личност и да изгледа како жива личност.

Додека некои целосно му се посветени на виртуелниот секс, „Абис Криејшнс“ произведува таканаречена живa куклa.

Но, не станува збор само за вистински жени прикажани во латекс-облека, туку за новата генерација роботи со вистински карактеристики на човек. Дали сме на прагот на револуционерна иднина во сексот?

Ова е најновиот модел наречен Хармони, кој знае буквално сè за вашиот партнер, неговите омилени филмови, храна и фантазии. За многумина, може да имаш девојка од соништата, но не и вистинска личност, односно тоа е робот кој прави сексот да биде на едно поинакво футуристичко ниво.

Оваа кукла се продава со апликација која му овозможува на корисникот да ги формулира нејзината личност и однесувањето додека истовремено комуницира и одговара на едноставни прашања.

Вештачката интелигенција е вградена во неверојатно тело слично на човек, така што куклата не претставува само сексуално задоволство, туку и некој ваш близок.

Некои сметаат дека сексот со кукла е страшен, но повеќето од корисниците, односно луѓето што го практикуваат ова, се сосема нормални и одбираат секс со кукла бидејќи имаат проблем да им пријдат на девојка во вистинскиот живот. Оваа кукла ќе биде достапна за 13.600 евра, а оние што ја создадоа се вели дека завршиле одлична работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зачини што го забрзуваат метаболизмот

Зачини што ќе го забрзаат вашиот метаболизам Вистинските зачини не само што ќе го подобрат…