Уште една жртва: Деветгодишно дете од катланово искасано од куче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деветгодишно дете од Катланово завршило на Инфективна откако вчера било каснато од куче. Поради сериозноста на повеќето повреди, лекарите го задржале на болничко лекување.

Од таму соопштија дека изминатите три дена имале уште 7 прегледи на лица нападнати од кучиња, и сите биле амбулантски третирани, а на месечно ниво изјавија дека имаат стотина вакви случаи кои добиваат терапија против беснило.

По трагичниот случај во кичевско Бачишта кога четиригодишниот Џеваир почина откако беше растргнат од овчарски кучиња и повреденото дете во Неготино, од ветеринарни служби известија дека ги изолирале кучињата и дека се уште се под надзор. Неофицијално, немаат беснило иако не биле вакцинирани.

Беа изолирани и ставени под официјален надзор сите кучиња кои извршија напад, тие уште се следат зашто периодот на изолација трае 15 дена, првиот, седмиот и 15-от треба да се види дали пројавуваат какви било симптопми на беснило. До овој момент нема такви симптоми, информира Поповски и додаде дека АХВ ќе ја интензивира соработката со општините за изградба на прифатилишта за бездомни кучиња.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочија дека за овој проблем најголемата одговорност е кај локалните власти кои мора да обезбедат стационари за згрижување на кучињата скитници.

Надзор е извршен и врз кучето во Неготино кое, исто така, касна дете. Процедурата продолжува со вакцинирање на кучињата против беснило и нивно идентификување со микро чип, соопштија од АХВ.