Home Актуелно Парламентот на Шкотска изгласа втор референдум за независност

Парламентот на Шкотска изгласа втор референдум за независност

Никола Стурџон ги доби гласовите од шкотскиот парламент за планираниот втор референдум за независност, што предизвика обвинувања од британските министри дека нејзините барања се преуранети, јави Гардијан.

Стурџон победи со разлика од 10 гласа (69 наспроти 59) откако шкотските Зелени го поддржаа нејзиниот предлог формално да побара од британската влада дозвола за одржување нов референдум за независност во периодот во кој Британија ќе ја напушти ЕУ, во пролетта 2019 година.

Таа неделава ќе и пише на Тереза Меј, барајќи Вестминстер да му даде на шкотскиот парламент овластување да одржи референдум. Стурџон рече дека ќе пише откако Меј ќе го активира членот 50 за почнување на процесот брегзит, што се очекува британската премиерка да го стори утре.

Намерата не ми е да се конфронтирам, јас само барам разумна дискусија, им рече Стурџон на шкотските пратеници.

Таа додаде дека ова го прави откако нејзините обиди за постигнување компромис со британската премиерка за излегувањето од ЕУ не дале плод.

Меј веќе кажа дека нема да дозволи нов референдум додека не бидат завршени преговорите за брегзитот.

Шкотските граѓани на референдумот во 2014 година ја отфрлија независноста, против која гласаа 55 отсто од гласачите.

Тие во јуни гласаа да останат во Европската Унија, но ќе мора да ја напуштат бидејќи Британија како целина изгласа излегување од Унијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…