Уште еден сончев и топол петок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денес, последниот петок од октомври, времето во Македонија ќе биде сончево и топло.

Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот топло со слаб ветер претежно од источен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе се спушти меѓу 0 и 7, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Температурата ќе се двжи од 5 до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Промена на временската состојба со наоблачување и намалување на дневната температура се очекува од среда.